Петкова: Има јасно барање „Турски поток“ да продолжува кон Бугарија

Од:

Бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова денеска изјави дека Бугарија добила барање гасоводот „Турски поток“ кон Европа да минува низ нејзина територија.

– Има јасно барање природниот гас од „Турски поток“ наменет за Европа да минува низ Бугарија, изјави Петкова, коментирајќи ја вчерашната средба на бугарскиот премиер Бојко Борисов со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, на која станало збор и за гасоводот.

Борисов вчера по средбата со Путин изјави дека Русија нема ништо против гасот од Русија преку „Турски поток“ да стигнува до Бугарија. Тој додаде дека Путин го информирал оти во вторникот телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, при што му порачал дека нема ништо против „Турски поток“ да проодолжи кон територијата на Бугарија.

– Сите ја слушнавте јасната изјава на претседателот Путин дека тој соопшти оти претходниот ден разговарал со претседателот Ердоган во врска со можноста природниот гас од „Турски поток“ наменет за Европа да минува низ Бугарија. Јас не гледам посериозна и појасна изјава, додаде Петкова.

Таа нагласи дека во следните месеци ќе почнат разговори за постигнување договор за ова прашање.

„Турски поток“ ќе почнува од источниот црноморски брег во Русија и преку дното на Црното Море ќе продолжува до северозападна Турција, од каде е предвидена и копнена траса, која би продолжила кон Европа преку Балканот.

Би можело да ве интересира

Претседателот предложи, а бугарскиот парламент го одби референдумот за еврото

А1он

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки