Агенцијата за заштита на граѓаните на Хаваи соопшти дека лавата со голема брзина се приближува кон автопатот 132 и ги предупреди жителите да го следат развојот на настаните по пат на медиумите и телефонските уреди. Вчера вулканот повторно еруптираше, исфрлајќи пепел во височина од 4600 метри, соопшти Геолошкиот топографски институт на САД.
Откако почнаа ерупциите на 3 мај, уништени се најмалку 82 живеалишта на југоистокот на островот, а околу 2 000 лица добија наредба за евакуација.
Засега нема жртви од ерупциите, но Агенцијата наведе дека еден маж бил повреден кога бил погоден од вжештен вулкански камен со големина на чинија.
И покрај тоа што официјалните лица смируваат дека електраната е безбедна, жителите стравуваат дека би можело да дојде до голема експлозија доколку лавата допре до геотермалната централа, кон која се приближува.
Поради вулканскиот смог, во болница завршија повеќе лица кои се жалат на потешкотии во дишењето.