Пакистан привел околу 700 луѓе за тероризам или врски со терористи

Од:

Околу 700 луѓе осомничени за тероризам или врски со терористи се уапсени во пакистански племенски региони во северозападниот дел од државата во близина на границата со Авганистан. Тие региони се сметаат за бастион на талибанците и на Ал Каеда.

За апсењата соопшти главниот обвинител Ирфан Кадир, но не се споменува за временскиот период – кога се извршени апсењата.

Во регионот пакистанската армија презема веќе неколку години офанзиви против бунтовници кои извршиле голем број напади во државата од 2007 година досега. Минатиот декември Амнести интернешнал ја обвини пакистанската армија дека приведува и држи во притвор долго време илјади осомничени луѓе без да им даде можност да се заштитат. Тогаш пакистански воен портпарол ги негираше тие тврдења.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица