ЕУ: Ерусалим е идната престолнина на две држави

Од:

Европската унија останува обединета во ставовите за ситуацијата во Газа и по израелско-палестинското прашање, порача денеска високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини.

Таа истакна дека ЕУ итно бара начин да гарантира хуманитарен пристап до Газа и прави се што може да донесе хуманитарна помош во Појасот Газа.

-Тензиите во Газа се случуваат во контекст на недостаток на мировен процес и во контекст на преселбата на Амбасада на САД во Ерусалим. Го потврдивме целосното единство на ЕУ во поддршката на решението за две држави, вклучително и за Ерусалим, тоа мора да биде дел од преговорите. Ерусалим е идната престолнина на двете држави, изјави Могерини.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан