Тимот на Реал Мадрид со 3:1 славеше против Ливерпул во големото финале од Лигата на Шампионите во Киев, со што стигна до третата титула по ред или вкупно тринаесеттата титула во историјата на најелитното фудбалско натпреварување.
„Црвените“ од Ливерпул подобро го стартуваа натпреварот и вршеа притисок во првите 30 минути, но балансот на теренот се промени по повредата на ѕвездата на англискито тим, Мохамед Салах.
Тој го напушти теренот, по што Реал Мадрид ја презеде иницијативата, но ни двата тима не погодија пред полувремето.
Во вториот дел продолжи стабилната игра на Реал Мадрид, а водечкиот гол за „Кралевите“ го постигна Карим Бензема во 51. минута, по една грешка на голманот на Ливерпул, Кариус.
Резултатот го изедначи Садио Мане четири минути подоцна, а во 55. минута, Герет Бејл постигна еден од најдобрите голови во историјата на Лигата на Шампионите, за водство на тимот од Мадрид.
Конечните 3:1 ги постави Бејл во 83 минута со шут од далечина, кога Кариус уште еднаш лошо ја процени топката.
Ова е 13. титула за Реал Мадрид во Лигата на Шампионите и трета со ред.