Официјалните лица истакнуваат дека на Хаваите дошло до уште една ерупција на вулканот Калауеа, пришто се создал облак од чад и пепел висок околу 10.000 метри.
Речиси 50 домови се уништени од почетокот на ерупциите на 3-ти мај.
Мајкл Поланд, вработен во американскиот геолошки институт рече дека повремено ќе има помали ерупции и исфрлање на пепел, додека лавата продолжува да се слева во океанот.
Огнот и понатаму се излева од пукнатините на земјата во подрачјето Лејлани Естејтс, кое е евауирано пред три недели, а домовите ги напуштија 2.000 лица.