Геит: Смртта на Палестинците е предупредување до оние со слични намери

Од:

Арапска лига (АЛ) в среда ќе одржи вонреден состанок за „нелегалното“ дислоцирање на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

Состанокот ќе биде на ниво на постојаните претставници за АЛ „да се спротистави на нелегалната одлука на САД да ја преместат својата Амбасада во Ерусалим“.

Генералниот секретар на АЛ, Ахмед Абул-Геит изјави дека смртта на повеќе десетици Палестинци, што се поврзува со преместувањето на Американската амбасада треба да биде предупредување за сите кои планираат да повлечат сличен потег.

Геит одлуката на САД за дислоцирање на Амбасадата во Ерусалим ја нарече „очигледно кршење на меѓународното право“.

– Падот на палестинските маченици од куршумите на израелската окупација мора да заѕвони на тревога во сите држави, кои не наоѓаат ништо лошо во неморалниот и нелегален став, на кој сведочиме, истакна Геит.

Тој додаде дека американската администрација не ги сфаќа реалните последици од одлуката за преместување на Амбасадата во Ерусалим.

Најмалку 52 Палестинци загинаа, а над 2.400 се повредени при денешниот протест на границата помеѓу Појасот Газа и Израел поради отворање на Амбасада на САД во Ерусалим. Меѓу загинатите има и шест деца помлади од 18 години.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан