Во финалната вечер на 63. избор за песна на Евровизија, одржан во Лисабон во Португалија победник е претставничката на Израел, Нета со песната „Toy“.
Победникот беше прогласен врз основа на гласовите на жирито и гледачите од 43 земји учеснички.
Израел освои вкупно 529 поени и заврши пред фаворитот Кипар.
Ова е четврта евровизиска победа за оваа земја, а при примањето на наградата Нета изјави дека е пресреќна и се заблагодари за изборот и славењето на различностите.