Хонг Конг- најотворена држава спрема глобализацијата

Од:

Најотворена држава во однос на процесот на глобализација е Хонг Конг. Следат Сингапур, Ирска и Белгија додека најголемата светска економска сила – САД е на 25 место, Кина на 44 место и Јапонија на 43 место, на овогодишната листа на консултантската куќа Ернст и Јанг, претставена на отворањето на економскиот форум во Давос.

Швајцарија е петта, Холандија шеста, Шведска седма, Данска осма, па следуваат Унгарија и Велика Британија. Германија е на 11 место, а Франција на 14.

Врз основа на пет критериуми – застапеност на трговска размена во економска активност, проток на капитал, состојба во преработувачката индустрија, технолошка размена и културолошка интеграција, Ернст и Јанг и оваа година направи листа од 60 најотворени држави спрема процесот на глобализација.

Во извештајот се додава дека глобализацијата продолжува со успорено темпо во однос на периодот пред рецесијата 2008-2009 година и оти се менува нејзината природа.

– Технологијата сега е главен двигател на глобализацијата, многу повеќе отколку што се странските инвестиции. Технологијата на информациите и социјалните мрежи се повеќе овозможуваат фирмите да воспостават нови односи со потрошувачите, оцени претседателот на Ернст и Јанг.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше