Научник при евтаназија ја пеел „Ода на радоста“

Од:

Австралискиот научник Дејвид Гудал (105), се одлучил со медицинска помош да си го одземе животот во болница во Базел, Швајцарија. При евтаназијата денеска, на која имаше и новинари, тој отпеа неколку тактови од „Ода на радоста” од Деветата симфонија на Бетовен.

Гудал, кој е роден на 4 април 1914 година, смета дека евтаназијата треба да биде подостапна.

– Не сакам веќе да живеам и среќен сум што имам можност самиот да му ставам крај на својот живот, изјави Гудал, нагласувајќи дека веројатно ќе почине со помош на смртоносна инјекција, но сепак ќе остави за методот да одлучат лекарите.

Во Швајцарија, доброволната евтаназија е легална и достапна. Борците за право на смрт го поздравија потегот на Гудал, додека противниците сметаат дека доброволното скратување на својот живот треба да биде достапно само за оние кои се неизлечиво болни.

Гудал се пензионираше на 102 години, како највозрасниот научник во работен однос. Тој не беше болен, но како што самиот велеше, бил се послаб и се помалку способен да живее како порано, најмногу поради губењето на видот. Овој познат ботаничар и еколог беше татко на четири деца и дедо на 12 внуци. Беше и долгогодишен активист за правото на евтаназија, како член на здружението „Егзит интернешнл”.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жена со години јаде камења, досега изела над 1.360 килограми

Ана Ололовска

Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Жарко Настоски

Индиска двојка за три години се селела 18 пати поради фобија од лебарки

Ана Ололовска

На денот на свадбата свекрвата дознала дека снаата и е родена ќерка

Ана Ололовска

Приказна што го шокираше светот: Го воспитувала 13 години, а потоа го завела, сега имаат бебе

Ана Ололовска

ВИДЕО: Само во Јапонија – фирма „купува“ човечки лица за 300 евра и прави морничаво реалистични маски

Жарко Настоски