Издржлив, отпорен и неверојатно лесен… Инокс часовникот од не’рѓосувачки челик е веќе препознатлив по својот „силен карактер“ за секоја пригода.
Уште од 2014 година кога компанијата основана од Карл Елсенер во 1891 година, ги лансираше Инокс часовниците, никој не претпоставуваше дека тие ќе станат толку голем светски хит. Во новата понуда се модели со паракорд нараквица со сини и темносиви нијанси, а пак, гумените каишки може да бидат сиви или бели.
Еден часовник оди во пакет со специјална кутија отпорна на удари и една резервна каишка. Во продажба се од овој месец.