Музејска ноќ посветена на празникот на розалиите во Виница

Од:

Градскиот музеј „Теракота“ од Виница се подготвува за традиционалната Музејска ноќ, што годинава ќе ја организира по деветти пат.

Манифестацијата ќе се одржи в четврток и ќе биде посветена на возобновувањето на древните римски обичаи, со акцент на празникот Розалии, што кај Старите Римјани се славел како празник на розите.

-Во рамки на Музејската ноќ, нашиот музеј ќе организира повеќе активности. Ќе имаме дегустација на храна и вино според римските рецепти, ќе се чита поезија од древните римски поети, планираме изложба со копии на облека, накит, садови и други предмети од римскиот период, како и проекција на филм за Хераклеа истакна Благица Стојанова, археолог во музејот „Теракота“ од Виница.

Проектот Музејска ноќ 2018 виничкиот музеј го реализира во соработка со Центарот за научни истражувања и промоција на културата ,,Хаемус“ од Скопје, а е дел од програмата SCUPINI RОMANI. Целта е да се постигне поширока промоција и популаризација на културното наследство од римскиот период поврзано со современите македонски народни празнувања, верувања и обичаи.

Манифестацијата е под покровителство на Министерството за култура и Општина Виница.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени