Алонсо се надева на напредок на Мекларен пред неговото домашно Гран при

Од:

Фернандо Алонсо мисли дека Мекларен може да постигне напредок во однос на своите противници овој викенд во Барселона. Шпанецот се надева и дека подобрувањата на болидите на противниците нема да профункционираат според планот.

– Во Барселона ќе имаме нов пакет за аеродинамиката, но сигурно 95 отсто од боксот исто така ќе имаат таков, рече Алонсо по својот триумф на првата трка од ВЕЦ сериите за 2018.

Пилотот на Мекларен е на мислење дека кога се прават подобрувања, никој не може да биде сосема сигурен што ќе се случи на крајот и дали останатите ќе се претстават подобро или полошо.

– Можеби разликата ќе остане како што е или пак ќе ја намалиме … може и да се зголеми. Кој знае? Сметам дека зависи од нас да го натераме пакетот да профунционира според очекувањата, и да се надеваме дека другите ќе заостанат, смета двократниот шампион.

Од почетокот на сезоната во Ф1, Алонсо забележа петто место во Мелбурн проследено со четири последователни седми позиции. Клубскиот колега Стофел Вандоорн остана осми во Баку, откако претходно заврши 14-ти во првите три старта. Добрата форма на Фернандо му донесе прва победа во „Шестте часа на Спа“ со тимот на Тојота.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур