Тимот на Порто е новиот шампион на Португалија. Ова е првата титула за „змејовите“ од 2013 година. Таа беше заверена минатата ноќ по ремито без голови во дербито на Лисабон, помеѓу Спортинг и Бенфика.
Тимот на Бенфика имаше потреба од задолжителна победа за да ги задржи своите надежи за петти последователен трофеј во Португалија.
Сепак, ремито со Спортинг ги остави четири поени зад лидерот Порто, кој има и меч помалку од својот конкурент, а до крајот има само еден круг.
Бенфика и Спортинг се уште имаат за што за да се борат, а тоа е втората позиција на табелата, што им дава право да учествуваат во Лигата на шампионите. Двете екипи го заземаат второто и третото место со ист број поени – 78.
Во последниот круг, Бенфика се соочува со скромниот Мореиренсе додека Спортинг гостува на шестиот во пласманот – Маритимо. Двата натпревари се на 13-ти мај.