Индија забрани користење на сурогат мајки за хомосексуалните двојки или поединци од странство, објави индиското Министерство за внатрешни работи.
Користењето на сурогат мајки за хомосексуалните двојки или поединци од странство во последниве години, зеде замав во оваа земја, пренесуваат француските медиуми.
Новите правила предвидуваат, двојките од странство кои сакаат да користат сурогат мајка од Индија мора да бидат хетеросексуалци, и во брак најмалку две години.
Двојките ќе мораат освен туристичка виза да добијат и здравствена виза, соопшти Министерството.
Бројот на индијки кои досега имаа улога на сурогат мајки не е познат, но јасно е дека недостатокот на правна регулатива во оваа област ја стимулираше економијата “изнајмување матка” и ја олеснуваше експлоатацијата на сиромашните жени во Индија.