Изложба и филм по повод педесет години од Елисејскиот договор

Од:

Во рамки на одбележувањето на педесетгодишнината од склучувањето на Елисејскиот договор вечер во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена изложбата „Де Гол – Аденауер – градителите на германско-француското пријателство, а потоа ќе биде прикажан филмот „Среќна нова година“.

На 15 февруари, пак, ќе се одржи заедничка дискусија на амбасадорките на Германија и на Франција на тема „Дали германско-француското помирување може да служи како пример за ситуацијата на Балканот?“.

Елисејскиот договор е склучен пред 50 години, на 22 јануари 1963 година, помеѓу канцеларот Аденауер и генералот Де Гол.

Со потпишувањето на Елисејскиот договор тогашната Сојузна Република Германија и Република Франција го затворија поглавјето на германско-француското заколнато непријателство, а отворија ново поглавје на посебно пријателство и соработка кое трае веќе 50 години.

Со тоа започна една извонредна билатерална соработка помеѓу двете држави, практично во сите области: политика, одбрана, економија, младина и образование.

Елисејскиот договор се спроведува преку редовни средби на владино ниво, но и на ниво на администрациите на двете земји, кои редовно применуваат обострана размена на државни службеници и воспоставија меѓуминистерска комисија за соработка.

Постојат голем број збратимени градови, а во тие рамки и соработка меѓу граѓанско-општествените организации.

Поради нејзиниот посебен карактер, германско-француската соработка игра важна улога во процесот на европското обединување, а со тоа на Германија и Франција им припаѓа и значајна улога во врска со македонското доближување на Европската Унија.

Германско-француското пријателство покажува дека надминувањето на предрасудите е можно и дека дијалогот и меѓусебното почитување на историјата, традициите, културата и јазикот на другиот претставуваат плоден развој за сите.

Воедно со потпишувањето на Елисејскиот договор беше основана и Германско-француската младинска организација (ДФЈВ), која оттогаш поврзуваше безброј германски и француски млади луѓе. ДФЈВ реализира проекти и во трети земји, а меѓу нив и во Македонија.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот