Најмалку 26 лица загинаа во поплавите во Индонезија

Од:

Поплавите во главниот град на Индонезија, Џакарта однесоа најмалку 26 човечки животи и принудија над сто илјади да ги напуштат своите домови, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата изјави денеска дека повеќето од жртвите загинале од удари на струја или се удавиле во надојдените води, кои на некои места достигнаа долабочина до два метри. Ококу 103 илјади лица се сместени во засолништа.

Поплавите својата кулминација ја достигнаа во четвртокот, откако се урна брана во центарот на Џакарта. Водената стихија поплави околу 30 проценти од 14-милионскиот град, вклучувајќи и делови во центарот и во претседателската палата.

Министерот за индустрија Мохамед Сулејман Хидајат изјави дека последните поплави, кои инаку се честа појава во Индонезија, може да ги принудат странските инвеститори да ги преместат своите бизниси во соседните земји.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите