Петковски: Вардар е најголемиот бренд, но ние имаме најголем мотив за победа

Од:

Играчот на Работнички, Петар Петковски посакува победа над Вардар во денешното соседско дерби во рамките на 30.коло од Првата македонска фудбалска лига.

Младинскиот македонски репрезентативец вели дека максимално мотивирано ќе влезат на дуелот со реномираниот противник.

– Дерби натпреварите меѓу Работнички и Вардар секогаш носат дополнителна возбуда. Не е важна моментната форма, мотивите се секогаш максимални. Вардар е најголемиот бренд во македонскиот фудбал, но и затоа сите други имаат најголеми мотиви да го победат. Сега сум член на Работнички и секако дека ќе дадам се од себе да оствариме позитивен резултат, изјави поранешниот вардарец за клупскиот сајт на „романтичарите“.

Според него освојувањето на трите бода му се многу потребни на Работнички во трката за излез на европска сцена.

Натпреварот меѓу Вардар и Работнички почнува во 15 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он