Јапонски научници работат на усовршување тест за откривање рак, со помош на примерок од урина, јави АФП.
Компанијата Хитачи, која ја обмисли технологијата пред две години, во соработка со Универзитетот Нагоја ќе анализира 250 примероци, за рак на дојка, на дебелото црево, и рак кај децата.
– Доколку овој метод стане и практична употреба, тоа ќе биде многу полесен начин луѓето да дојдат до тест за рак, оти нема да има потреба да одат во медицинска установа заради крвна слика, изјави портпаролот на Хитачи, Чихару Одаира.
Тој додава дека децата што се плашат од игли, посебно ќе имаат полза од тој метод за дијагностицирање, што може да биде достапен до 2020 година.