Родено бебе четири години по смртта на своите родители

Од:

Кинеска сурогат мајка роди бебе четири години откако неговите родители загинале во сообраќајна несреќа.

Двојката која загина во 2013 година, претходно замрзнале неколку ембриони со надеж дека еден ден ќе имаат дете по пат на вонтелесно оплодување. По несреќата, нивните родители дале правна согласност за користење на ембрионите.

Сурогатството е забрането во Кина, а болницата во Нанјинг смеела да ги даде ембрионите само на друга медицинска установа надвор од државата на прописно чување, што предизвикува многу заплеткани бирократски процедури, јавуваат локалните медиуми. Така, момчето се родило во Лаос, а моментно се води борба за неговото државјанство, оти мајката е државјанка на Кина, а во Лаос престојувала со туристичка виза.

Дедото и бабата, покрај тоа, на суд се избориле за дозвола да ги превезат ембрионите во Лаос со автомобил, оти ниедна авиокомпанија не се сложила да ги пренесе, поради азотот што го содржат канистрите.

Следи и уште една битка. Родителите на загинатата двојка сега треба, преку ДНК анализа, да докажат дека детето е нивен внук, за тоа да добие кинеско државјанство.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска