Центарот за јавно здравје Велес потврди присувство на фекална бактерија Enterococus fekalis во еден вид салата, која ја јаделе фудбалерите на Пелистер кои се затруја со храна во хотел во Велес.
На брисевите од неколку од вработените во хотелот потврдено е присуство на патогени бактерии. Стручното мислење на ЦЈЗ Велес потврдува труење со храна.
Кујната во хотелот е затворена на самиот ден на вонредниот инспекциски надзор.
Фудбалерите на Пелистер имаа труење со храна во саботата во Велес, каде што ручале пред патувањето за Скопје, каде што требаше да одиграат натпревар со Шкупи.