Урбан културниот настан „Скопје креатива 2018“ ќе се одржи од 11 до 13 мај во Младинскиот културен центар и на локации околу институцијата.
Фестивалот има за цел да поттикне развој на креативните индустрии, за што е потребна едукација на граѓаните и на младите за создавање нови производи.
Според организаторите, ќе има 44 настани распоредени во три дена: изложби, работилници, предавања, работилници за деца, за средношколци, за дизајнери…