Во најквалитетната група од тенискиот Дејвис куп на програмата се четвртфиналните дуели. По првиот натпреварувачки ден водство има Америка, додека на другите дуели резултатот е нерешен.
Постигнати резултати:
Италија – Франција 1:1,
Шпанија – Германија 1:1,
Хрватска – Казахстан 1:1 и
САД – Белгија 2:0.
Денеска на програмата се мечевите во двојки по кои американските тенисери можат со евентуална победа да обезбедат полуфинале.