Бугарскиот тенисер Александар Лазов го победи Горазд Србљак со 6:1, 6:1 и донесе предност на Бугарија во решавачкиот натпревар против Македонија за првото место во групата А за „Дејвис купот“, неофицијално светско тимско првенство во тенис за мажи.
Лазов доминираше на земјените терени во Пловдив и стигна до успехот по 70 минути игра, откако направи по три брејка во двата сета против македонскиот репрезентативец.
Во вториот сингл подоцна денеска, првиот рекет на домаќините, во отсуство на Григор Димитров, Димитар Кузманов, ќе игра против Димитар Грабул.
Доколку ја совладаме Бугарија, македонскиот тим ќе се пласира во финалето на турнирот во Варна и со победа таму ќе напредува во Третата европска зона.