Советот за безбедност на Обединети нации синоќа стави на црната листа 21 трговска компанија, 27 бродови и едно лице поради шверцување на нафта и јаглен во Северна Кореја.
Сб на ОН од 2006 година едногласно поддржува интензивирање на санкциите против Северна Кореја, со цел да спречи финансирање на нуклеарната и ракетната програма.
СБ и забрани на Северна Кореја да извезува јаглен, железо, олово, текстил и морска храна, а воведени се максимални квоти за увоз на нафта и нафтени деривати.