Исламабад планира да ги ослободи сите авганистански талибанци кои се наоѓаат во пакистански затвори, вклучувајќи го и поранешниот талибански командант втор по ранг во нивната команда, соопшти висок претставник на пакистанското МНР.
– Останатите затвореници ќе бидат ослободени, изјави на прес-конференција во Абу Даби Џалил Џилани. Запрашан дали поранешниот заменик-лидер на талибанците мула Барадар ќе биде меѓу ослободените, тој рече: – Целта е сите да ги ослободиме.
Западни аналитичари сметаат дека тоа е најјасниот знак досега дека земјата која е регионална сила, ги поддржува напорите за авганистанско помирување.
Пакистан се смета за исклучително важен за успехот на американските и авганистанските напори да донесат стабилност на Авганистан – задача, која станува се понеодложна имајќи го превид приближувањето на крајот на американската воена мисија во 2014 година.