Петерхансел и Деспре се поблизу до одбрана на титулите

Од:

Релито Дакар се ближи кон самиот крај, извозена е и 12-та етапа од вкупно 14 според планираното.

Минатогодишните победници во конкуренција на автомобили и мотоцикли се се поблизу до конечниот триумф, а се ќе биде познато на 20 јануари на целта во Сантијаго де Чиле.

Во конкуренција на автомобили победи Хуан Рома со Мини, а втор со четири минути заостанување заврши Роби Гордон со Хамер. Победата му помогна на Рома да влезе во тројката најдобри во генералниот пласман, поместувајки го Русинот Леонид Новицки на четвртата позиција.

Лидер и натаму е деветкратниот победник на ова рели, Стефан Петерхансел, кој оваа етапа ја заврши како четврти со 6:03 минути зад победникот.

Кај моторциклите прв низ целата мина Франс Верховен со Јамаха, што му овозможи на Холанѓанецот да се искачи на седмото место во вкупниот поредок. Лидерот Сирил Деспре одлучи да му помогне на тимскиот колега во KTM, Рубен Фариа, кој стигна како втор, а на третата позиција се пласираше Хоан Бреда.

Следната 13-та етапа е од Копиапа до Ла Серена во должина од 735 километри, со специјалец од 441 km.

Би можело да ве интересира

Дакар 2022 година: Петерансел заостанува 23 часа од водечките по несреќата во првата етапа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претстојниот викенд започнува релито „Дакар“, првиот голем спортски настан во 2021

Ана Ололовска

Сајнц го освои „Дакар“ по трет пат, Американец влезе во историја кај мотоциклите

Ана Ололовска

Мотоциклист почина на релито „Дакар“

Ана Ололовска

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар

Ана Ололовска

Рели Дакар: Прајс ја освои титулата кај моторите

Наум Локоски