Апликацијата Гугл Мапс наскоро, во верзијата 4.47, на корисниците на смарт-телефони, ќе им овозможи да дознаат и колку просечно се чека нарачка во одреден ресторан.
Програмата опфаќа повеќе ресторани во светот, но списокот се уште не се открива.
Од компанијата најавуваа уште една опција. Се работи за пристап до информации за јавниот превоз во поголемите светски градови. Нешто слично на веќе познатата апликација „Ситимапер“, којашто ги покрива Париз, Њујорк, Хонг Конг, Тајпеј, Лос Анџелес, Њу Делхи, Москва, Сингапур, Мадрид, Барселона, Киев и Будимпешта.