Светската тенисерка број два Каролина Возњацки се пожали дека и биле упатени смртни закани за време на турнирот во Мајами.
Дваесет и седумгодишната тенисерка од Данска на Твитер објави дека гледачи и се заканувале на неа и на нејзините родители за време на натпреварот со Моника Пуиг во петокот.
– Луѓе од публиката упатуваа закани кон моето семејство. Имаше смртни закани против мајка ми, татко ми и мене. Во исто време вработените на турнирот и обезбедувањето не направија ништо и дозволија тоа да се случува, напиша Возњацки.
Организаторите на турнирот во Мајами објавија дека обезбедувањето и вработените од ВTA не слушнале никакви навреди кон семејството на Возњацки.