Рикардо и Ботас со казни за ГП на Австралија

Од:

Даниел Рикардо ќе го започне домашното Гран-при на Австралија на осмото место.

Казната на пилотот на Ред Бул беше наметната од стјуардите бидејќи не ја следеле постапката при враќањето во боксот за време на втората слобдна тренинг сесија. Рикардо влегол со голема брзина при црвено знаме.

Австралиецот даде петто време во квалификациите, но поради казната ќе мора да стартува на осмо на трката утре.

Казна доби и пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој доживеа насреќа во квалификациите и од штабот одлучија да го сменат менувачот, што ќе го чини пет места назад на стартната линија.

Така, наместо на 10-то, Ботас ќе започне од 15-то место.

Би можело да ве интересира

Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Ана Ололовска

Вуков го скрши малерот во квалификациите, оптимистички ја најави трката во Мизано!

Ана Ололовска

Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!

Ана Ололовска

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Ботас ќе настапи на Трката на шампиони за прв пат во кариерата

Ана Ололовска

Нови бодови за Рико Вуков во „Порше Карера купот“

Ана Ололовска