Истражување: Секој четврти Американец секојдневно јаде брза храна

Од:

Еден на секои четворица Американци секојдневно јаде брза храна, покажува извештајот на „Си-Би-Ес Њуз“. .

Според истражувањето, централните и јужните сојузни држави имаат најголема концентрација на ресторани за брза храна по глава на жител, а Алабама ја предводи листата. Најмалку такви ресторани има во североисточните сојузни држави, предводени од Вермонт, Њу Џерси и Њујорк.

Во Алабама се регистрирани 6,3 ресторани на и10.000 жители, што надминува секоја друга сојузна држава во САД. Од првите 10 држави, девет се од југот на САД. Небраска и Индијана се единствените кои не се од југот, а се наоѓаат меѓу првите 10 со 5,4 и 5 ресторани на 10 илјади жители.

Вермонт има само 1,9 ресторани за брза храна на 10 илјади жители.

Мекдоналдс, кој е втор по големина синџир на ресторани за брза исхрана, може да се најде во секој американски град. Најголем синџир ресторани за брза храна е – „Сабвеј“, кој има 18,5 отсто од вкупниот број ресторани за брза храна во САД. Мекдоналдс има 11,3 проценти, а потоа следи Бургер Кинг со 5,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска