„Газпром“ истражува кој е Михаил Путин

Од:

Роднина на рускиот претседател Владимир Путин е именуван за висока позиција во државниот гигант „Газпром“.

Во краток финансиски извештај „Газпром“ нагласи дека овој најголем производител на гас „ќе го разгледа случајот М.Е.Путин“ без да соопшти повеќе детали.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков потврди дека станува збор за роднина на Путин, но подалечен.

– Колку што јас знам, станува збор за подалечен роднина на претседателот. Не знам дали воопшто се во контакт, истакна Песков.

Руски медиуми наведуваат дека Михаил Путин е син на роднина на Владимир Путин.

„Газпром“ одби да ја коментира неговата евентуална позиција во компанијата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

A1on

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

A1on

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он