Лидерот на масовните протести во Пакистан постигна спогодба со Владата

Од:

Суфитскиот проповедник Мохамед Тахир ул Кадри, кој бара оставка на Владата во Пакистан изјави вчера дека постигнал спогодба со власта и повика за прекин на масовните протести во главниот град Исламабад.

Кадри ги повика своите приврзаници, чиј број изнесува околу 25 илјади, кои го окупираа булеварот во центарот на градот, да ги прекинат протестите, кои почнаа пред пет дена и предизвикаа политичка криза во Пакистан.

Кадри, кој е поддржувач на воениот преврат од 1999 година, бараше пакистанската армија да учествува во составувањето на времената влада до парламентарните избори, кои се закажани за мај.

– Постигнавме спогодба. Откако ќе го добијам потписот од премиерот, ќе ја прочитам нејзината содржина пред учесниците во протестите изјави Кадри.

Засега не е познато какви отстапки издејствувал верскиот лидер во преговорите со делегацијата на коалициската Влада. Ова може да го ослабне притисокот врз владејачката Пакистанска народна партија, која е остро критикувана дека не може да се справи со голем број на проблеми, од талибанскиот бунт до слабата економија во земјата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица