Операција со матични клетки им го врати видот на двајца Британци

Од:

Британско-американски истражувачки тим изврши успешна операција за враќање на видот на две повозрасни лица, кои страдаат од макуларна дегенерација, што е поврзано со процесот на стареење на окото и предизвикува слепило.

Врз британските пациенти – маж од 80 години и жена на околу 60 години, била извршена прва операција од ваков тип, и видот им се вратил, соопшти лондонската болница „Мурфилдс“.

Научниците од Лондонскиот проект за лекување слепило искористиле ембрионални матични клетки, за да создадат ткиво соодветно на она во оштетениот дел на ретината. Операцијата траела околу два часа, кај едниот, и еден час кај другиот пациент.

Двајцата биле набљудувани во период од една година, и резултатите се неочекувано позитивни. Луѓето претходно не можеле да читаат дури ни со очила, а сега можат да прочитаат 60 до 80 зборови во минута со обични очила за читање.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска