Повисоки цените на производителите на индустриски производи

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно во јануари годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 2,8 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 4,0 отсто и преработувачка индустрија за 0,1, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,8 отсто.

Во споредба со јануари 2017 година, пак, се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 20,2 отсто, преработувачка индустрија за 1,6, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,8 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во јануари годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 3,4 отсто на годишно ниво.

Во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 3,5 отсто и во преработувачка индустрија за 0,1 отсто. Во однос на јануари 2017 година, се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 32,2 отсто и во преработувачка индустрија за 0,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата