Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

Од:

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари годинава е за 0,3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во споредба со ланскиот февруари пораснал за 2,4 процентни поени, оценуваат раководителите на деловните субјекти.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари во однос на јануари годинава, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на јануари 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари годинава е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на февруари 2017 година. Се очекува бројот на вработените да порасне.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2018 година изнесува 66,9 отсто од нормалното искористување.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 21,4 проценти, недоволната странска побарувачка со 19 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,4 проценти и неизвесното економско опкружување со 10,4 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата