Потрошувачите со нов закон против нечесните трговски практики

Од:

Се подготвува нов закон за заштита на потрошувачите во Македонија со кој треба да се елиминираат досегашната нечесна деловна пракса, нечесните клаузули и договори, како и нечесниот однос на трговците кон купувачите воопшто.

Новиот закон ќе биде согласно европската регулатива и со него треба да се надминат недоследностите на постојниот кој досега е менуван седум пати. Според универзитетскиот професор Јадранка Дабовиќ, судовите и инспекторите ќе се анагжираат повеќе, но ќе се дефинираат и можностите за колективна заштита која засега во Македонија е невозможна.

Професорката ги повика сите потрошувачи, независно од професијата, да се здружат и да покажат негативен однос кон трговците кои имаат нечесни практики и ги кршат правата на купувачите.

– Ако ве крадат за два – три грама во продавница, нема да покренете тужба. Во ваков случај, ако станува збор за кинескиот пазар, тогаш тоа е голема добивка за оној што е нечесен. Или, супата од многу производители, одеднаш, од супа за четири чинии, станува супа за три чинии. Не знам дали тоа сте го забележале. Добиваме 400 грама тестенина, место 500 грама и тоа не е во ред, претставува нечесна деловна пракса. Затоа сите мора да реагираме, за да бидеме заштитени како потрошувачи, потенцира професорката.

Се осврна и на договорите за банкарските кредити и осигурувањата.

– Се уште имаме нечесни клаузули во банкарските договори и во договорите за осигурување. Се согласуваме на се, зашто со оглед на сиромашните услови во кои живемее, многу ни значи да добиеме кредит. Но, кога ќе видите некои од клаузулите, сосема е јасно дека се тие нечесни за потрошувачите. Патот за заштита на потрошувачот од ваквите нечесни клаузули, за жал, се уште во нашиот правен лавиринт не е сосема јасен, изјави Дабовиќ пред почетокот на настанот по повод Светскиот ден на заштитата на потрошувачите во Стопанската комора на Македонија.

Со новиот закон ќе се настојува да се овозможи потрошувачите и судиите да водат сметка по службена должност за нечесните клаузули и да ги огласуваат за ништовни.

– На овој начин, потрошувачите во овие типски или формуларни договори на кои сите пристапуваме (мобилна телефонија, интернет). никој од нас никогаш нема доволно време и колку да е едуциран правник, да ги прочита сите клаузули да види што потпишал. И мене лично, како професор по право, ми се случило да не знам дека треба да ја вратам амбалажата за да можам да го вратам уредот, зашто не сум ја прочитала таа реченица во договорот, а со тоа сум во позиција да не можам да си ги остварам своите потрошувачки права, истакна Дабовиќ.

Според неа, многу би било полесно, ако законот тоа го дозволи, Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во име на сите потрошувачи да бара нечесното однесување, нечесната деловна пракса и нечесните клаузули да се отстранат.

– Ќе се обидеме да направиме закон близок до потрошувачите, закон што ќе можат да го разберат и ќе ја засилиме улогата на пазарните инскепроти за да можат да се екипираат и да реагираат на ваквите појави, подвлече професорката, дополнувајќи дека моментниот капацитет на пазарните инспектори не го задоволува потребите.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

А1он