Српските научници предупредуваат дека во иднина секоја втора година ќе биде екстремно сушна, па затоа се потребни видови и хибриди адаптирани на тоа подрачје и отпорни на климатските услови.
На советувањето „Производство и доработка на семињата и меркантилните зрна во екстремни климатски услови“ во Стопанската комора во Србија (ПКС) беше потенцирано дека српското земјоделско производство бележи пад и е на нивото од пред три децении.
Експертите наведоа дека сушата минатата година предизвикала штета поголема од една милијарда евра.
Тие посочија дека покрај изградбата на систем за наводнување, на Србија и се потребни посеви создадени специјално за таа клима.