Итна седница на Советот за бедност на ОН ќе се одржи денеска во врска со труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал.
Седницата ќе се одржи по барање на Велика Британија.
Скрипал и неговата ќерка беа нападнати со нервен агенс на 4 март во англискиот град Солсбери.
Заради тој случај, Велика Британија го повика во МНР рускиот амбасадор во Лондон, Александар Каковенко. Британскиот амбасадор во Москва Лори Бристоу и денеска бил во руското МНР за да се разгледа случајот со Скрипал.