Германецот Томас Дресен триумфираше во спустот во Квитфјел, Норвешка, оставајќи ги зад себе актуелниот светски шампион во оваа дисциплина Беат Фојц и олимпискиот шампион Аксел Лунд Свиндал.
Дресен оствари време од 1:49.17 и за само осум стотинки успеа да го победи Фојц. Свиндал со задоцнување од 17 стотинки заврши трет.
Со овој резултат, Фојц е се уште прв во генералниот пласман со 622 поени, а Свиндал е втор со 60 помалки. Тие остануваат единствените кои можат да ја освојат титулата од Светскиот куп во спуст.