Градоначалник во Боливија ставиле во средновековни окови бидејќи не работел добро

Од:

Жители на гратчето Сан Бонавентура во северниот дел од Боливија искористиле право на „социјална правда“ и својот градоначалник го ставиле во средновековни окови бидејќи не ја работел добро својата работа.

Градоначалникот Хавиер Делгадо морал во окови да помине еден час бидејќи граѓаните на таков начин сакале да му стават до знаење дека не се задоволни од неговита ангажирања.

Градоначалникот требало тој ден да присуствува на манифестација на отворање на мост во тој мал град, но наместо церемонија го дочекале незадоволни луѓе кои барале казна за неговата лоша работа.

– Не ми дадоа да ги објаснам своите постапки. Не можев да дадам отпор бидејќи се плашев работите да не ескалираат, изјави казнетиот градоначалник.

Еден од оние што го заклучиле вели дека градоначалникот сам е виновен за казната бидејќи не ги ставал интересите на своите граѓани пред своите и ниту еднаш не примил граѓани на разговори.

Тоа не е првпат граѓаните на тој боливиски град да го „фрлат“ градоначалникот во окови. Првиот пат се случил кога стапил на должност бидејќи како што велат граѓани, немал слух за нивните проблеми и не сакал да прими на разговор жители на градот кои барале совети.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он