ОН: Неприфатлива е ситуацијата во Источна Гута

Од:

Ескалацијата на насилство и бомбардирањето на предградието на Дамаск, Источна Гута е неприфатливо, соопштија денеска Обединети нации.

– Наместо прекин на огнот, гледаме повеќе судири и смрт. Вакво колективно казнување на цивили едноставно е неприфатливо, изјави хуманитарниот координатор на ОН, Панос Мумцис.

Во воздушните и копнените напади од 18 февруари во Источна Гута загинаа повеќе од 600 лица, а околу 2.000 се повредени.

Претходно, беше објавено дека цивилите го напуштаат предградието на Дамаск, Источна Гута по влезот на сириската армија, но екстремистите воведоа полициски час и се обидуваат да ги спречат граѓаните да заминат од подрачјето преку хуманитарниот коридор.

Руската армија тврди дека бунтовниците во Источна Гута им забраниле јавни собири на цивилите.

Во меѓувреме блокиран е и хуманитарниот конвој на Обединети нации, кој требаше да обезбеди помош за населението во Источна Гута. Околу 40 камиони требаше да достават помош за 400.000 лица, но до сега стигнала помош само за околу 7.200 луѓе.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение