Репрезентацијата на Франција со победата од 2:0 над Украина си ги зголеми шансите за пласман во четвртфиналето.
Откако натпреварот беше прекинат поради обилен дожд, по едночасовна пауза фудбалерите продолжија на се надигруваат во Доњецк.
Менез ја донесе Франција во водство од 1:0, а само две минути подоцна Јохан Кабај со својот првенец за селекција на триколорите погоди за 2:0 и три бода на својата селекција.
Вечерва е вториот натпревар од оваа група помеѓу Англија и Шведска, со мало задоцнување од 15 минути, поради прекинот на првиот натпревар.