Легендарниот стрип мајстор Стен Ли го објасни своето отсуство од јавноста

Од:

Легендарниот стрип мајстор Стен Ли ја објасни причината за неговото отсуство од повеќето промотивни активности за најновиот филм на Марвел – Црниот пантер. Ли (95) информираше дека боледува од пневмонија, и дека тоа е причината за неговото хоспитализација изминативе месеци.

Ли откажува промотивни настани од јануари, и иако неговата здравствена состојба за крие од јавноста, порталот ТМЗ објави дека на почетокот на февруари тој бил итно однесен во болница. Стрип легендата се појави на промоцијата на Црниот Пантер во Лос Анџелес, но не застана да се поздрави со обожавателите.

Освен здравствените проблеми, Ли неодамна се соочи со кражба на над милион долари од неговата сметка, веројатно извршена од лице блиско до авторот, а имаше и конфронтација со еден од неговите поранешни телохранители, при која мораше да интервенира и полицијата.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он