Сјут Саплај Холандскиот бренд за машка облека изгуби преку 10.000 следбеници на Инстаграм заради рекламна кампања со геј бакнеж.
Во либералната Холандија мажите се најдоа навредени од кампањата и ја затрупаа со хомофобни пораки прашувајќи што е следно?
Сепак директорите сметаат дека привлечноста меѓу двајца мажи е клучна за иднината на нивниот бизнис. Тие се задоволни бидејќи привлекле огромно внимание глобално, наспроти првичните загуби на фанови по социјалните мрежи.
Кампањата нема да ја претстават во Русија и Емиратите.