Силна експлозија денеска го потресе центарот на Кабул и авганистанската полиција соопшти дека атентатор самоубиец се разнел во близина на зградите на разузнавањето и Министерството за внатрешни работи, пренесе БТА.
Малку по експлозијата се слушнале сирени и пукање.
Очевидци изјавуваат дека автомобил бомба експлодирал пред влезот на разузнавачката служба, во близина на строго чуваните владини згради и западни амбасади.
Во експлозијата биле ранети минувачи и продавачи од околните продавници, но засега не е познато дали има убиени.
Портпарол на меѓународните сили во Авганистан потврди дека имало експлозија и пукање, но не даде повеќе датели за настанот.