Уште еден руски спортист е тестиран позитивно за допинг на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг. Овој пат станува збор за натпреварувачката во боб, Надежда Сергеева, повтврди претседателот на руската боб федерација, Александар Зубков.
Сергеева пред почетокот на Олимписките игри изјави дека има пријатни односи со останатите спортисти по допинг скандалот на Русија.
– Не знам зошто, но сега сум поблиска со останатите спортисти отколку претходно, можеби знаат дека сме чисти, изјави Сергеева.
Кога ја даваше изјавата, таа носеше маица на која што пишува „Не користам допинг. Јас сум за спорт“.
Сепак таа при тестот во Пјонгчанг беше позитивна на триметазидин, лек што го користат луѓето со ангина, а кој е на листата на забранети супстанции на Светската анти-допинг агенција, бидејќи го забрзува метаболизмот.
– Таа изјави дека не користи такви лекарства и тимот потврди дека не ѝ препишале никакви лекови, вели Зубков.
Тој истакнува дека примерокот земен од Сергеева пет дена претходно бил чист.