Канаѓанката Келси Серва го освои златниот медал во дисциплината на ски крос на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг. Таа постепено ја подобруваше формата, во полуфиналето влезе со втор резултат, за на крајот да биде најдобра кога беше најпотребно.
За 28-годишната Серва ова е втор олимписки медал, првиот го освои пред четири години во Сочи кога беше втора.
На победничкиот подиум покрај Серва место обезбедија и нејзината сонародничка Британи Фелан, како и трето пласираната Фани Смит од Швајцарија.
Воедно, финалето во ски крос беше последното натпреварување во скијање слободен стил на Игрите во Јужна Кореја.
Најуспешна репрезентација е канадската со четири златни, две сребрени и еден бронзен медал.