Илмар Римшевич, гувернерот на летонската централна банка беше уапсен денеска од страна на антикорупциската агенција, соопштија од кабинетот на премиерот.
– Бирото за превенција и борба против корупцијата го уапси гувернерот на Банката на Летонија, се наведува во соопштението.
Се уште не се соопштени причините за апсењето на Римшевич, а агенти на Бирото во петокот извршија претрес во неговиот дом и канцеларија.