Зголемен прометот во индустријата на странските пазари, намален на домашниот пазар

Од:

Прометот во индустријата во декември е зголемен за 7,6 проценти во споредба со декември 2016, а намален за 12,9 проценти во однос на ноември лани.

Државниот завод за статистика денеска објави дека зголемување од 12,8 проценти има кај прометот остварен на странските пазари, додека прометот остварен на домашниот пазар бележи опаѓање од 7,9 проценти.

Гледано по сектори, опаѓање има кај рударството и вадење камен, а пораст кај преработувачката индустрија.

Кај главните индустриски групи, пораст има кај интермедијалните производи, капиталните производи и трајните производи за широка потрошувачка, а на исто ниво е прометот кај нетрајните производи за широка потрошувачка.

Во периодот јануари – декември прометот на индустријата е зголемен за 6,4 проценти во споредба со истиот период 2016 година.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата